ОПШТИНА БИТОЛА ВО СОРАБОТКА СО ЈАВНИТЕ ПРЕТПРИЈАТИЈА ОД УТРЕ ЗАПОЧНУВА СО ПОВЕЌЕ ПРОЛЕТНИ АКТИВНОСТИ

100

Општина Битола, заедно со ЈП Комуналец, КЈП Нискоградба и ЈКП Водовод, од утре започнуваат со спроведување на активности во рамките на „Неделата на пролетта“. Активностите, во вторник започнуваат со чистење на диви депонии кај германските гробишта и месноста Кркардаш, а во среда планирано е уредување на Градскиот парк и замена на клупи и канти за отпадоци низ Широк Сокак. Почетокот на пролетта ќе го означи и засадувањето на садници во Новиот парк во Нова Битола, а во петок, започнува со редовна работа кугланата во Спортската сала „Боро Чурлевски“. „Неделата на пролетта“, го најавува почетокот на повеќе активности, кои се однесуваат на хортикултурно и инфраструктурно уредување на повеќе локации, кое општината ќе продолжи да го реализира од идната недела.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПовик за прибирање понуди за креирање и спроведување на позитивна кампања за искористување на економскиот потенцијал што го поседува ромската заедница, и сензибилизација на работодавачите за вработување на Роми
Следно соопштениеКовачевски: Свесни сме дека не е доволно, во новиот мандат минималната плата од 600 евра и просечната плата над 1.000 евра