ОПШТИНА КАРПОШ ДЕЛ ОД СПОРТСКИТЕ УЧИЛИШНИ ЛИГИ ВО КИСЕЛА ВОДА

87
ОПШТИНА КАРПОШ ДЕЛ ОД СПОРТСКИТЕ УЧИЛИШНИ ЛИГИ ВО КИСЕЛА ВОДА

По повод Денови на Општина Кисела Вода деновиве се одржуваат училишни спортски натпревари во кошарка и фудбал за момчиња и одбојка за девојчиња. На овие спортски игри учествуваат тимовите од основните училишта од Карпош, Кисела Вода, Гази Баба и Аеродром.

На денешниот кошаркарски натпревар екипата од Општина Карпош убедливо славеше над основците од Аеродром со резултат 61-30.

Во рамки на спортската сала„Независна Македонија“, карпошани во финалниот меч кој ќе се одигра утре во 13:15 часот силите ќе ги одмерат со победникот од денешниот дуел помеѓу екипите на Гази Баба и Кисела Вода.

Идната недела на  9 и 10 мај, девојчињата ќе ги одиграат одбојкарските натпревари, додека пак на 11 и 12 мај момчињата ќе се сретнат на фудбалскиот терен.

Извор на соопштението

Претходно соопштение120 ГОДИНИ ОД СМРТТА НА ГОЦЕ ДЕЛЧЕВ
Следно соопштениеСДСМ става крај на огромните камати и профит од камати