ОПШТИНА КАРПОШ Е ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНОТО СОВЕТОДАВНО ТЕЛО НА ПРОЕКТОТ „ТРАНСИТ“

103
ОПШТИНА КАРПОШ Е ДЕЛ ОД МЕЃУНАРОДНОТО СОВЕТОДАВНО ТЕЛО НА ПРОЕКТОТ „ТРАНСИТ“

Претставници од Секторот за екологија и енергетска ефикасност на Општина Карпош оваа недела учествуваат на редовниот координативен состанок на проектот ТРАНСИТ – Транзиција кон одржлива иднина преку тренинг и едукација (Transition to sustainable future through training and education – TRANSIT), како составен дел од Меѓународното советодавно тело на овој проект.

 

На работната средба беа разменети позитивни искуства, знаења и добри практики за развој на одржливи програми и примена на различни технологии на обновливи извори на енергија и гориво. Проектот има за цел да обезбеди одржливи програми за обука и доусовршување за сегашните и идните генерации преку мултидисциплинарен пристап во обновлива енергија и енергетска ефикасност.

 

Проектот е финансиран од Европската Комисија во рамки на програмата за истражување и иновации ХОРИЗОН 2020. Истиот се спроведува во осум европски земји или поточно во Англија, Шпанија, Малта, Кипар, Хрватска, Црна Гора, Србија и Македонија. Во рамки на проектот учествуваат и претставници од универзитетите, индустријата, училиштата и локалните заедници. Во нашата земја, проектот го спроведува од Факултетот за електротехника и информациски технологии при Универзитетот Св. Кирил и Методиј – Скопје, со поддршка на ЕВН Македонија и Општина Карпош.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИзвестување за извлекување на групите за претстојното Women’s EHF EURO 2024 – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштение„Нема откажување од иднината“ – СДСМ и Коалицијата за европска иднина го означија стартот на кампањата за парламентарните избори