ОПШТИНА КАРПОШ ГО ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ШАХОТ СО „ШАХОВСКО УТРО“

8
ОПШТИНА КАРПОШ ГО ОДБЕЛЕЖУВА МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ШАХОТ СО „ШАХОВСКО УТРО“

По повод Меѓународниот ден на шахот, Општина Карпош организира „Шаховско утро“, кое ќе се одржи на 20 јули 2026 година (понеделник), со почеток во 09:00 часот, на платото „Млечен“.

Настанот има за цел да го промовира шахот како интелектуална игра која ги развива логичкото размислување, концентрацијата, стратегиското планирање и спортскиот дух, како и да поттикне дружење и меѓугенерациско поврзување.

На настанот ќе присуствува и градоначалникот на Општина Карпош, Сотир Лукровски, кој ќе се придружи на заедничкото одбележување на овој значаен ден.

Општина Карпош ги поканува сите љубители на шахот – деца, млади, возрасни и пензионери, без разлика на нивото на искуство – да земат учество во ова заедничко шаховско дружење и да бидат дел од одбележувањето на Меѓународниот ден на шахот.

Со организирањето на вакви настани, Општина Карпош продолжува да промовира активности кои ги поттикнуваат здравите животни навики, интелектуалниот развој, спортскиот дух и активното учество на граѓаните во животот на локалната заедница.

Ги покануваме сите заинтересирани граѓани да ни се придружат и заедно да го одбележиме Меѓународниот ден на шахот.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ ќе останат запаметени дека поради таен договор со Мицкоски – не дозволија опозициско обединување за една изборна единица
Следно соопштениеГруевски ослободен од „Талир 2“ благодарение на Кривичниот законик што заедно го скроија СДСМ и ДПМНЕ