ОПШТИНА КАРПОШ ЈА РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „АТИНСКА“ ВО УЗ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“

13
ОПШТИНА КАРПОШ ЈА РЕКОНСТРУИРА УЛИЦАТА „АТИНСКА“ ВО УЗ „ВЛАДО ТАСЕВСКИ“

Општина Карпош започна со реализација на проектот за реконструкција на постојната улична мрежа и тротоарските површини на улицата „Атинска„ во у.з. „Владо Тасевски“.

Во рамки на градежните активности ќе биде извршена целосна реконструкција на коловозната конструкција која опфаќа асфалтирање на коловозната лента, замена на рабниците и замена на долниот строј. Во меѓувреме ќе се реконструираат и тротоарските површини кои ќе бидат уредени со комбинација на бекатон елементи и асфалт.

„Започнуваме целосна реконструкција на овој дел од улицата „Атинска“ која ќе биде завршена за 30 дена. Ги замолуваме нашите граѓани за трпение и разбирање за време на градежните активности“ – истакна Лукровски.

Проектот опфаќа реконструкција на улицата во должина од 435 метри, со што значително ќе се подобрат условите за движење на возилата и пешаците, а ќе се зголеми и безбедноста во сообраќајот.

Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 16 милиони денари, а рокот за завршување на реконструкцијата на улицата е 30 работни дена.

Општина Карпош продолжува со континуирани вложувања во подобрувањето и модернизацијата на локалната инфраструктура, со цел создавање безбедна, функционална и квалитетна урбана средина.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНаспроти хистеријата и прогнозите на опозицијата и нејзините сателити, Македонија е со најниска инфлација и цени во регионот
Следно соопштениеДПМНЕ не бара договор, туку алиби зошто повторно да нема една изборна единица, но Левица нема да се откаже