ОПШТИНА КАРПОШ ПОБОГАТА ЗА УШТЕ 1000 НОВИ САДНИЦИ

60
ОПШТИНА КАРПОШ ПОБОГАТА ЗА УШТЕ 1000 НОВИ САДНИЦИ

 

                Од денеска започна пролетното хортикултурно уредување на територија на Општина Карпош. Садници од видот на фотинија, туја, нандина, боксус и други, ќе бидат  насадени на претходно утврдени локации ширум општината, каде што веќе има поставено системи за наводнување и каде што ќе има лица задолжени за полевање на истите. Карпош, во рамки на ова пролетно хортикултурно уредување, ќе се разелени и збогати со околу 1000 садници кои се повеќегодишни украсни растенија .

                Вложувањето во животната средина е трајна придобивка за сите сегашни и идни генерации. Општина Карпош како најзелена Општина во целата држава, ќе продолжи да ја негува оваа традиција која е посветена на создавање на нови зелени површини.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПУШТЕНИ ВО ПРОДАЖБА БИЛЕТИТЕ ЗА БАРАЖ НАТПРЕВАРОТ МАКЕДОНИЈА-СЛОВАЧКА ЗА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО 2027
Следно соопштениеЕСМ и Узунчев не пријавиле штета за случајот со увоз на мазут – предметот падна поради директорот на Мицкоски! Левица