ОПШТИНА КАРПОШ ПРИМИ БЛАГОДАРНИЦА ЗА СОЛИДАРНОСТ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ

149
ОПШТИНА КАРПОШ ПРИМИ БЛАГОДАРНИЦА ЗА СОЛИДАРНОСТ ОД ЦРВЕНИОТ КРСТ НА РСМ

За досегашната плодна соработка и поддршка при имплементација на хуманитарни иницијативи за помош на ранливи групи население, Црвениот крст на РСМ  и додели благодарница на Општина Карпош. Имено, на свечената манифестација која се одржа денеска во хотелот Холидеј Ин, Црвениот крст на РСМ одбележа 78 години од своето основање, а овогодинешниот роденден го посвети на хуманоста и солидарноста со настраданото население од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.

 

Воедно, целта на настанот беше и мобилизирање на јавноста и институциите за обезбедување на дополнителни донаторски средства за помош на настраданото население во Турција и Сирија, кои треба да достигнат висина до 1.000.000 евра. Во рамки на настанот свое обраќање имаа претседателот на Владата на РСМ, Димитар Ковачевски, Генералниот секретар на Црвениот крст, Саит Саити, како и амбасадорот на Република Туркије во нашата земја, Н.Е. Хасан Мехмет Секизќок.

 

Инаку, минатиот месец на вонредна седница, Советот на Општина Карпош донесе едногласна одлука за доделување на парични средства во висина од 1.000.000 денари за помош на настраданите во катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија. Притоа, сите советници се согласија да издвојат по 10% од својот паушал, а градоначалникот Јакимовски и вработените во општинската администрација донираа парични средства на посебна жиро сметка за таа намена.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИнформација за извлекување Прва Лига Мажи – Плеј Оф и Плеј Аут – Ракометна Федерација на Македонија
Следно соопштениеВо продажба се билетите за мечот Вардар – Еурофарм Пелистер