ОПШТИНА КАРПОШ СО ПОДДРШКА НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХЕМОФИЛИЈА

526
ОПШТИНА КАРПОШ СО ПОДДРШКА НА СВЕТСКИОТ ДЕН НА ХЕМОФИЛИЈА

Во знак на поддршка на македонските граѓани и глобалната заедница на лица со хемофилија и вродени нарушувања на системот за коагулација, вечерва објектот во кој е сместена администрацијата на Општина Карпош беше осветлена во црвена боја.

Хемофилијата е наследно нарушување на коагулацијата при кое крвта на пациентот не коагулира соодветно, доведувајќи до тешки случаи на неконтролирано крварење, спонтано или после лесна повреда. Хемофилијата е прилично ретка и се јавува кај 1 на 10.000 лица.

Мотото оваа година на Светската Федерација за хемофилија е „Пристап за сите: Превенција од крварење како глобален стандард за нега“. Light it Up Red! Запали црвено!

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Осум ракометари на Еурофарм Пелистер на поширокиот список за Турција и Луксембург
Следно соопштениеГруби и Ковачевски ги изедначуваат легалните и дивите градби на трасата на коридорите, за нелегалните градби ќе се плаќаат огромни суми народни пари за експропријација