ОПШТИНА КАРПОШ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МАЛТА

118
ОПШТИНА КАРПОШ ВО РАБОТНА ПОСЕТА НА МАЛТА

Делегација од локалната самоуправа предводена од претставниците на Советот на Општина Карпош, Роберт Велјановски и Владимир Бислимовски минатата недела престојуваше во работна посета на збратимената општина Л- исла, Малта. Во оваа пригода советниците се запознаа со работата на општина Л-Исла, при што разговараа за проблемите со кои се соочуваат локалните заедници и разменија значајни искуства, особено од областа на социјалната заштита, екологијата и комуналното уредување.

Во рамки на работната посета присуствуваа и претставниците на Секторот за развој на Општина Карпош, Александра Теова и Роберт Јанковски, како и претставникот на Секторот за поддршка на градоначалникот на Општина Карпош, Виолета Михајловска. Оттука, административците од Карпош остварија работни сесии пред отворањето на фондовите на Европската Унија. На сесиите беа разгледани иницијалните проекти со кои заеднички ќе настапат збратимените општини. Младите, екологијата, социјалната заштита и можноста за инфраструктурни проекти беа појдовна точка од интерес, каде што беше договорена редовна комуникација, со цел што побрза подготовка на проектите.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКАРПОШ ЌЕ УЧЕСТВУВА ВО ПРОЕКТ ЗА ИНВЕСТИЦИЈА ВО ФОТОВОЛТАИЦИ ВО ДВЕ ОСНОВНИ УЧИЛИШТА
Следно соопштениеЗАПОЧНА ПРОЛЕТНАТА ДЕРАТИЗАЦИЈА ВО КАРПОШ