Општина Струмица дел од проект за чиста вода, санитација и зајакнување на улогата на жените

75
Општина Струмица дел од проект за чиста вода, санитација и зајакнување на улогата на жените

Општина Струмица дел од проект за чиста вода, санитација и зајакнување на улогата на жените

Општина Струмица е дел од проектот „Вклучување на жените во подобрување на услугите за достапност до чиста вода и санитација и зајакнување на отпорноста на климатските промени во Македонија“.

Проектот е финансиран од Министерството за надворешни работи на Република Словенија и Словенски Каритас, а ќе се спроведува во соработка со општините од Југоисточниот регион во наредните три години.

Градоначалникот на Општина Струмица, Петар Јанков, денеска оствари средба со директорот на Македонски Каритас, протојереј ставрофор отец д-р Зоран И. Стојанов, отец Гоце Костов (одговорен за односи со јавноста), Верица Ангеловска (координатор за зелени иницијативи за жени) и Александар Младеновски (координатор за општинска поддршка).

На средбата беше потпишан Меморандум за соработка, во пресрет на официјалниот почеток на проектот.

Вклученоста во проектот ја потврдува заложбата на градоначалникот Јанков и на општина Струмица за обезбедување чиста вода, здрава животна средина и поголема вклученост на жените во подобрувањето на услугите со цел постигнување на овие приоритети.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЈАВЕН ПОВИК ЗА ВКЛУЧУВАЊЕ НА ЗДРУЖЕНИЈА НА ГРАЃАНИ ВО ФОРМИРАЊЕ НА РЕСУРСЕН ЦЕНТАР
Следно соопштениеЈАВЕН ПОВИК ЗА ИЗБОР НА МЛАДИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ИЛИ ОРГАНИЗАЦИЈА НА МЛАДИ КОЈА ЌЕ РАКОВОДИ СО МЛАДИНСКИОТ ЦЕНТАР – КАРПОШ