Општина Струмица денеска го празнуваше Денот на Републиката – Општина Струмица

120
Општина Струмица денеска го празнуваше Денот на Републиката – Општина Струмица

Општина Струмица денеска го празнуваше Денот на Републиката

По повод 120 години од Илинденското востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ се одржа пригодна свеченост пред Споменикот на Гоце Делчев на истоимениот плоштад. Во чест на празникот беше положено свежо цвеќе, а за значењето на празникот зборуваше Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица. -Има еден ден во годината кој е ден над сите денови, празник над сите празници, гордост над сите наши гордости. Тоа е 2 Август – денот на двата македонски Илиндена, денот на двата големи печата на нашата македонска родина, денот – востанички громовник и денот – државотворник кои се на пиедесталот од нашата македонска историја.

Денес одбележуваме 120 години од Илинденско востание и 79 години од Првото заседание на АСНОМ. Тоа не прави одважни и горди, затоа што ние сме потомците на илинденците и асномците, подготвени да го исполниме нивниот аманет и да ја авторизираме убавата слика за македонското утре. Илинден не смее да биде само дел од едно наше минато свршено време, туку да биде наш потсетник за испишување нова страница од нашето битисување, нова успешна приказна во која свое место ќе пронајдат и идните наши поколенија. Наша должност е да бидеме само преносно „колено“ на македонската низа во која ја пронаоѓаме нашата целосна идентификација и афирмација, рече меѓу другото советникот Ненчев.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеНе мора слика да се види дека Ислам Абази е седнат во скутот на Груби – Затоа нема никаква постапка за неговите афери
Следно соопштениеНародот е сплотен зад националните интереси и против газењето на неговото достоинство – Уставни измени под бугарски диктат нема да има