Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка во соработка со Владата, СДС да не ликува на временските непогоди

4
Општина Струмица ги повикува граѓаните да ги пријават штетите од невремето за да се обезбеди соодветна поддршка во соработка со Владата, СДС да не ликува на временските непогоди

Денеска заедно со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Борче Серафимовски, бевме во струмичко Дабиле, за да добиеме информации директно од терен за штетите предизвикани од невремето проследено со силен дожд и ветер, кое вчера го зафати нашиот регион.

Разговаравме со земјоделците, а освен директно погодените земјоделски површини, извршив увид и на патна инфраструктура која истотака беше зафатена од невремето. Благодарение на брзата реакција и интервенција на надлежните служби, предизвиканите штети на патните правци и јавната инфраструктура беа навремено санирани.

Ги повикувам сите граѓани кои претрпеле штети да ги пријават до надлежните служби во Општина Струмица, за да можеме навремено да реагираме, комисиите да излезат на терен и да се изврши проценка на состојбата, со цел обезбедување соодветна поддршка.

Линк од фб објава:

https://www.facebook.com/petarjankovsr/posts/pfbid0YrDqZCetJgVpt5LhUgFSeFCMmGxKdhwEpMwLyMxKdvjb7H8Gbnea59GHdixEDJXPl

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОК Центар на ВМРО-ДПМНЕ ја повикува Општина Центар да започне со проценка на штетите и да им помогне на граѓаните 
Следно соопштениеФилипче нема кредибилитет да зборува за здравството каде остави тотален колапс, Владата на ВМРО-ДПМНЕ превзема конкретни мерки за стабилизација и подобрување на системот