Општина Струмица и Музеј Струмица партнери во заштитата на културното наследство

47
Општина Струмица и Музеј Струмица партнери во заштитата на културното наследство

Општина Струмица и Музеј Струмица партнери во заштитата на културното наследство

Општина Струмица и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица, од денеска се партнери во зајакнувањето на заштитата, промоцијата и валоризацијата на културното наследство на Струмица и регионот.

Меморандумот за соработка го потпишаа градоначалникот на општина Струмица, Петар Јанков и директорот на НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј Струмица, Бранко Ѓоргиев.

Овој документ претставува важен чекор кон долгорочна институционална соработка и поголема заштита и зачувување на богатото културно наследство во Струмица.

Во рамките на соработката се предвидува заедничка подготовка и реализација на проекти, истражувачки иницијативи, едукативни програми, јавни настани и активности за подигнување на свеста кај граѓаните за значењето на културното наследство. Дополнително, ќе се разменуваат стручни знаења, професионални ресурси и добри практики за унапредување на локалните политики во областа на културата.

 

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеПолитичкиот притисок на СДС врз судството да престане, законот мора да важи за сите, време е за независно правосудство
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Радивојевиќ: Ни доаѓа најдобриот тим во Европа, но играме пред најдобрите навивачи во ЛШ (ВИДЕО)