Општина Струмица на меѓународен вебинар за превенција

60
Општина Струмица на меѓународен вебинар за превенција

Заменик градоначалничката на Општина Струмица, Елена Маѓеровска Паликарова, се обрати на меѓународниот вебинар „Intro to City-Led Prevention: Multi-Actor Prevention“, организиран од Strong Cities Network, каде ја претстави успешната и иновативна работа на Струмица во полето на локалната превенција.

Во нејзиниот говор, Маѓеровска Паликарова нагласи дека Локалниот совет за превенција е вистински пример за ефикасна соработка меѓу општината, полицијата, училиштата, родителите, бизнис заедницата и невладиниот сектор – тело кое редовно функционира, носи конкретни мерки и резултати.

 Спроведени се активности за:

➡️Заштита на младите од ризици поврзани со алкохол и небезбедно учество во сообраќајот,

➡️Превенција од пожари и безбедност во угостителски објекти,

➡️Хумано справување со бездомни кучиња,

➡️Спречување на вандализам и уништување на јавен имот.

 „Кога институциите соработуваат отворено и одговорно, превенцијата не е само цел, туку реалност.“ – порача таа, нагласувајќи дека дијалогот е клучот кон побезбедни заедници.

 Настанот собра претставници од Јужна Азија и Западен Балкан и претставуваше можност за размена на искуства и градење нови партнерства.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОпштина Струмица се поклони пред храброста на бранителите Атанас Јанев и Кољо Китанов
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер во група со европските титани: Барса, Магдебург, ПСЖ…