ОПШТИНАТА ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

108
ОПШТИНАТА ЌЕ ГО ОДБЕЛЕЖИ ДЕНОТ НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Традиционално и годинава, Општина Карпош ќе го одбележи 3. декември, односно Денот на лицата со попреченост, по чиј повод ќе додели еднократна парична помош во висина од 3.000 денари, на граѓаните од оваа категорија кои се жители на локалната самоуправа. Во таа насока, Општината води континуирана грижа за лицата со попреченост, преземајќи низа активности за подобрување на статусот и нивното интегрирање во заедницата.

Имено, повеќе од една деценија Општина Карпош посветува особено внимание за оваа ранлива група на граѓани, при што има донирано медицински помагала за нивна потреба, во неколку основни училишта функционираат т.н. „сензорни соби“ а таа практика ќе се применува и во некои градинки. Притоа, во училиштата се ангажирани специјални едукатори и рехабилитатори (дефектолози), како и 40 образовни и три лични асистенти кои се обучени за работа со дечињата со попреченост.

За да го олесни нивното движење, локалната самоуправа има поставено пристапни рампи на повеќе локации, а отворени се и неколку инклузивни игралишта. Како значајна активност којашто ја реализира Општината, секако е и социјалната услуга „Центар за стручна помош и поддршка на лица со попреченост и нивните семејства“, која се спроведува во соработка со Здружението Монтесори, МТСП и Светска Банка. Со помош на Одделението за детска, социјална и здравствена заштита, Општина Карпош и понатаму ќе креира позитивни политики за поддршка на лицата со попреченост и ќе работи во насока на подобрување на квалитетот на нивниот живот.         

Извор на соопштението

Претходно соопштениеВласта на Ковачевски намерно го осиромаши народот за да се обиде да го поткупи со 1000 денари месечно, а за себе обезбедија дополнителни 50 евра повисоки дневници, тоа не им поминува
Следно соопштениеНов ултра скандал на власта: Набавилa систем за следење на комуникациите, на целиот интернет простор, од секој можен уред на граѓаните