ОСНОВЦИТЕ ОД „АВРАМ ПИСЕВСКИ“ ФОРМИРАА ЕКОЛОШКИ КЛУБ

74
ОСНОВЦИТЕ ОД „АВРАМ ПИСЕВСКИ“ ФОРМИРАА ЕКОЛОШКИ КЛУБ

Со цел унапредување на еколошкото образование преку практично учење, во рамки на основното училиште „Аврам Писевски“  беше реализиран Проектот „Зелено образование за еколошки свесни генерации“. Оваа иницијатива беше поттикната од потребата за зголемување на еколошката свест кај учениците, како и подобрување на условите за современо образование за заштита на животната средина. Во таа насока беше воспоставена соработка помеѓу училиштето, наставниците, родителите и локалната заедница. Притоа е формиран и Еко-клуб во чиј состав активно учествуваат ученици кои се вклучени во едукативни и практични активности поврзани со екологијата. Во тој поглед беа организирани работилници на кои се говореше за значењето на биодиверзитетот, одржливите практики и грижата за растенијата.

                Во училишниот двор е изработена и метална конструкција со плексиглас, како основа за идната ботаничка градина која ќе им послужи на основците од Бардовци. Со тоа е создаден простор за искуствено учење и практична настава на отворено. Проектот овозможува учениците да развиваат одговорност, тимска работа и активен однос кон заштитата на природата. Тековните активностите придонесоа за зголемена мотивација кај учениците и поголема вклученост на заедницата. На овој начин се создава одржлива основа за понатамошен развој на ботаничката градина и долгорочно еколошко образование во училиштето.

Извор на соопштението

Претходно соопштение100 ДЕНА ОТЧЕТ- ОБРАЗОВАНИЕ И МЛАДИ
Следно соопштениеШто ќе рече генералниот секретар на НАТО Марк Руте за Адамовиќ и врските со Москва?