ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

27
ОСНОВЦИТЕ ОД КАРПОШ ЌЕ СЕ ЕДУЦИРААТ, КАКО ТРЕБА ДА СЕ ОДНЕСУВААТ КОН СВОИТЕ СОУЧЕНИЦИ СО ПОПРЕЧЕНОСТ

 

                Во организација на Секторот за дејности од јавен интерес при Општина Карпош и невладината организација „Пркос“, денеска во  ООУ „Димо Хаџи Димов“ се одржа промотивен настан во чии рамки беа презентирани печатени материјали и информативно видео од едукативен карактер, наменети за основците од Карпош. Станува збор за  брошура, постер и промотивно видео насловено како „10 совети  за учтиво однесување со деца со пореченост“  чиј автор е НВО „Пркос“, која е лоцирана на територијата на локалната самоуправа.

 

                Печатените материјали и информативното видео ќе бидат достапни и употребливи за учениците од сите основни училишта во Карпош кои во рамки на образовната настава ќе се едуцираат, како најсоодветно да се однесуваат и притоа да ги вклучат своите соученици со попреченост во инклузивниот процес. Во таа насока, Општина Карпош финансиски ги покри трошоците за изработка на печатените материјали и информативното видео. На денешниот промотивен настан присуствуваа стручните соработници од основните училишта во Карпош, претставниците од НВО „Пркос“, како и  вработените од Секторот за дејности од јавен интерес,

 

                Од аспект на инклузивноста, Општина Карпош посветува особено внимание преземајќи низа мерки за подобрување на условите за престој и образование на дечињата со попреченост. Во тој поглед, во сите 10 основни училишта во Карпош работат комплетирани тимови со стручни соработници (педагог, психолог, специјален едукатор, рехабилитатор и социолог). Во училиштата функционираат и седум т.н. ресурсни соби, 54 образовни асистенти и два лични асистенти. Во образовните установи  во Карпош се инсталирани и т.н. „инклузивни“ тоалети, а во текот на наставата се применуваат и асистивни уреди (информатичка опрема за децата со попреченост.   

Едукативно видео –  https://www.youtube.com/watch?v=M0FFoKgfrzA

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСДСМ: Филипче нема никави инвестиции, ниту имот во ОАЕ
Следно соопштениеОдржан состанок меѓу ССКМ и Норвешката стопанска комора