ОСНОВЦИТЕ ОД „КОМЕНСКИ“ ИМ ПОСАКАА УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА СТУДЕНТИТЕ ОД „ПЕДАГОШКИ“

147
ОСНОВЦИТЕ ОД „КОМЕНСКИ“ ИМ ПОСАКАА УСПЕШЕН ПОЧЕТОК НА СТУДЕНТИТЕ ОД „ПЕДАГОШКИ“

На покана од Педагошкиот факултет во Скопје, претставници од ООУ „Јан Амос Коменски“ од општина Карпош присуствуваа на првиот академски час за 2023/2024 година. По тој повод, основците од второ и петто одделение со пригодна точка ги поздравија новите академски граѓани од оваа високообразовна установа. Воедно, учениците од Карпош им посакаа на новите студенти среќен почеток, преку пораки на македонски, албански и турски јазик, поточно на јазиците на кои се реализира наставата на Педагошкиот факултет. На свеченоста присуствуваа деканот на Педагошкиот факултет – проф. д-р Билјана Камчевска, ексдиректорката на Бирото за развој на образование Весна Хорватовиќ, професорите, асистентите, стручните соработници и студентите од овој факултет.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЧерепот од притвор во Бугарија и од американската црна листа со амин на Груби до партнер во бизнис со Македонија?
Следно соопштениеВАЖНО Е да се крене гласот за промени