ОСНОВЦИТЕ ОД ВЛАДО ТАСЕВСКИ ГО ОСВОИЈА КОШАРКАРСКИОТ КУП НА КАРПОШ

115
ОСНОВЦИТЕ ОД ВЛАДО ТАСЕВСКИ ГО ОСВОИЈА КОШАРКАРСКИОТ КУП НА КАРПОШ

Во финалето од кошаркарскиот куп кое се одигра во ООУ „Војдан Чернодрински“ по повод роденденот на Општина Карпош (3. ноември), беше прикажан фантастичен меч помеѓу младите талентирани кошаркари од ООУ „Јан Амос Коменски“ и ООУ„Владо Тасевски“. По возбудливата игра под обрачите во финалниот меч кој беше неизвесен до самиот крај, победата сепак им припадна на кошаркарите од ООУ„Владо Тасевски“ кои триумфираа над своите соперници со резултат 33:32. Во драматична завршница на една секунда пред крајот на мечот, со изведување на слободни фрлања, екипата од Козле беше поуспешна од тимот од Тафталиџе и во финалето славеа и го подигнаа победничкиот трофеј. На возбудливиот меч присуствуваше и градоначалникот на Општина Карпош, Стевчо Јакимовски кој во оваа пригода им ги подели дипломите на финалистите, а на победниците им го врачи шампионскиот пехар.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМицкоски: Во проектот за делниците 8 и 10д Владата е фатена во сериозен криминал и сега се труди да го покрие со закон за заштита на деловни тајни
Следно соопштениеМицкоски: Чесните членови на СДСМ да не ги следат антинационалните политики на актуелното раководство, потребно е обединување