Остануваме посветени на европската иднина на Македонија, преку ,,Роаминг како дома“, граѓаните ќе имаат пониски трошоци и подобра поврзаност

1
Остануваме посветени на европската иднина на Македонија, преку ,,Роаминг како дома“, граѓаните ќе имаат пониски трошоци и подобра поврзаност

Започнат е процесот за приклучување на Македонија кон европската иницијатива ,,Роаминг како дома“.

Роамингот како дома претставува една од најконкретните придобивки од европската интеграција, која директно влијае врз секојдневниот живот на граѓаните преку пониски трошоци и полесна комуникација во странство.

Во таа насока, законската рамка во земјава е веќе усогласена со европските директиви и регулативи во областа на електронските комуникации.

На состанокот што е закажан за 12 јуни 2026 година, претставници на Европската комисија заедно со министрите од државите од Западен Балкан ќе се разгледуваат различни аспекти поврзани со процесот на приближување кон европските дигитални иницијативи.

Со приклучувањето кон оваа иницијатива ќе се овозможи подобра поврзаност, пониски трошоци и поголема интеграција во европскиот дигитален простор, со што Македонија дополнително ќе се доближи до европските дигитални стандарди.

Граѓаните ќе можат да користат интернет, СМС-пораки, повици и други мобилни услуги во земјите од Европската Унија, по цени како во домашниот сообраќај.

Владата предводена од ВМРО-ДПМНЕ останува посветена на европската иднина на Македонија, како и на дигитализацијата и модернизацијата на државата.

Во јавноста често се слушаат тврдења за проевропска ориентација од страна на опозицијата, иако, според нивните досегашни политики во периодот кога беа на власт, недостасуваа конкретни резултати и реализација на најавените проекти.За разлика од тоа, актуелните политики се насочени кон конкретни, мерливи и директни придобивки за граѓаните.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче тоне со секоја следна анкета, народот не го поддржува, па се впушти во романса со Бугарија да ги истурка уставните измени за власт
Следно соопштениеВМРО-ДПМНЕ испорачува, отпочнува процесот за приклучување на Македонија кон европскиот роаминг-простор