Освоен сребрен медал на Европските игри во Краков

154
Освоен сребрен медал на Европските игри во Краков

Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски го освои сребрениот медал на Европските игри во Полска, откако вечерва во финалето во категоријата над 87 килограми загуби од Британецот Кејдон Луис Канингам со 2-0.

Георгиевски, кој е првиот македонски спортист со одличје на Европските игри 2023, на патот до финалето ги совлада Матиа Молин од Италија со 2-0 во првото коло, по што во четвртфиналето беше поуспешен од Украинецот Андри Харвар со 2-1. Најуспешниот македонски таеквондист и носител на сребрениот медал од Олимписките игри 2021 во Токио, во полуфиналето со 2-1 триумфираше над Шпанецот Иван Гарсија Мартинез.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Еурофарм Пелистер 2 се раздели со тренерот Александар Зарков
Следно соопштениеЗаклучоци на ИО на СДСМ, заради постигнување на општествен консензус: Дијалогот со ДПМНЕ за уставните измени да продолжи, Законот за матична евиденција не треба да биде донесен во оваа форма, консултативниот процесот за Законот за родова еднаквост продолжува