Откако им пристигнале резултатите од гласањето на болните и изнемоштени, паниката на Бихаќка заземала патолошки размери, сега се во акција за спас на Филипче на чело на СДС

3
Откако им пристигнале резултатите од гласањето на болните и изнемоштени, паниката на Бихаќка заземала патолошки размери, сега се во акција за спас на Филипче на чело на СДС

Филипче по стапките и советите на Заев. СДС почна да се спрема за дебакл. А Филипче го почна сценариото да си го зачува лидерското место потценувајќи ги своите поддржувачи.

Какви забелешки имаат кога гласаат по 100тина луѓе по општина кои се болни и изнемоштени?

Какви се ова глупости. Треба некој да ги потсети СДС дека паниката им дошла порано и дека изборниот ден кога гласаат најголем дел од луѓето е утре, а нивното алиби и изговор не им проаѓаат. Дека се прочитани. И дека Македонија не им заборава, и не им ги простува сите предавства, кражби, бахатост, лудување, трикови и вакви ефтини реакции. Затоа утре народот ќе им врати за да им покаже дека Македонија оди напред и дека нема да дозволи повторно да биде киднапирана од истите тие кои ја уништиваа нејзината сегашност и перспектива.

Македонија утре ќе гласа против Заев и Филипче и ќе ги казни за овие потценувања кои ги гледавме цела кампања и кулминираат денес.

Откако им пристигнаа податоци за исходот од гласањето на болните и изнемоштени, паниката на Бихаќка завземала патолошки и загрижувачки размери при што се активира сценариото – Спас на Филипче како лидер осмислено од двоецот Заев – Филипче и зачинето од нивните соработници распостелени удобно во штабот на СДС и во некои портали и квазиинститути блиски до нив.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Братскиот дуел за шампионот, блескаа двата млади голмани
Следно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Започна процесот за акредитирање за натпреварот Еурофарм Пелистер