Откако се докажа дека СДС е партија која е осудена дека е извор на клевети и лаги, потребно е да се извини за манипулациите и црните кампањи

114
Откако се докажа дека СДС е партија која е осудена дека е извор на клевети и лаги, потребно е да се извини за манипулациите и црните кампањи

Почитувани,

И заробеното судството на власта потврди дека клевети за претседателот Мицкоски ширени од СДС се лаги.

Тезите кои ги ширеа СДС преку нивни канали за наводна куќа на претседателот Мицкоски од милион евра се чиста лага, тоа го потврди судот. Изворот на тие лажни вести и клевети изгуби спор на суд, до толку се големи лагите на СДС што ни нивното судство не ги пере.

СДС со денови ширеше лаги за наводниот имот на претседателот и ја манипулираше јавноста, исто како и многу пати порано, за наводни хидроцентрали и бизниси, за кои исто така изгубија на суд.

СДС сее магла и шири лаги, целото работење на партијата во последните години е ставено во функција на оцрнување на претседателот Мицкоски со груби манипулации и тешки измислици.

Лагите се толку провидни, што и сопственото судство не може да им ги одбрани.

Откако се докажа дека СДС е партија која е осудена дека е извор на клевети и лаги, потребно е да се извини за манипулациите и црните кампањи. Треба секоја информација продуцирана од СДС и нивните платени канали да се земе со огромна резерва.СДС се прочитани. Деструктивните политики на лаги и клеветење се депласирани и прочитани од граѓаните

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМихаилоски од трбината „Повеќе за сите“ во Велес: Со мерките 105 илјади ученици добиваат 1.200 до 1.8000 денари месечно
Следно соопштениеЕпидемијата на корупција однела 500 милиони долари, тогаш главните прашања се зошто никој не е во затвор и каде завршија парите?