Отворање на третите Европски игри “Краков 2023”

84
Отворање на третите Европски игри “Краков 2023”

Денес и официјално стартуваат третите по ред Европски игри кои оваа година се одржуваат во Краков, Полска. Стартот е закажан за 20 часот и 30 минути.

На терените денес Андреас Трајковски со скок од 7.73 метри го освои првото место во скок во далечина на Европското екипно првенство (3-та лига) што се одржува во Силесиа (Полска) во склоп на Европските игри. Со освојувањето на првото место Андреас освои и максимални 15 поени за атлетската репрезентација на Македонија.

На Европското екипно првенство (3-та лига) македонската штафета на 4 х 100 метри во состав Андреас Трајковски, Огнен Стефановски, Михаил Петров и Јован Стојоски постави нов македонски рекорд со резултат од 41.75 секунди, и го освои 5-то место.

Досегашниот рекорд изнесуваше 42.86 секунди поставен во 2012 година, во состав Пандев , Ефремов, Ајдраво, Голубиќ.

Дрита Ислами во денешната трка на 400 м. со пречки на Европското екипно првенство на 120 метри пред целта падна преку пречката и не успеа да ја заврши трката.

На терените се појавија кајакарите во К2 категоријата на 500 метри, браќата Никола и Владимир Малески и постигнаа резултат со време 1.52.116, недоволно за понатамошен пласман. 

https://www.facebook.com/IgrzyskaEuropejskie2023

#oneteamonevissiononegoal

#TeamMKD 🇲🇰 🇲🇰

#weareunity

#krakow2023

#EuropeanGames2023 

#EG2023🇲🇰🇲🇰🇲🇰

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКОМПЛЕТНО РЕНОВИРАН И ДООПРЕМЕН ОДДЕЛ НА ДЕТСКА КЛИНИКА
Следно соопштениеАндреас победник во скок во далечина