ОТВОРЕН НОВ ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТ ВО ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР

144
ОТВОРЕН НОВ ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТ ВО ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР

Во поликлиника Бит Пазар првпат досега е отворен педијатриски пунк, кој ќе работи секој ден од 19:30 навечер до 07:30 наутро и во недела 24 часа, додека во сабота од 07:30 до 19:30.

Пунктот е целосно реновиран, опремен е со нов медицински мебел, инвентар и потребните медицински средства од Здравствен Дом Скопје.

ОТВОРЕН НОВ ПЕДИЈАТРИСКИ ПУНКТ ВО ПОЛИКЛИНИКА БИТ ПАЗАР

Во педијатрискиот пункт ќе се прегледуваат деца од педијатриска возраст (0-14 год.) на населението од град Скопје и околните населени места.

Тимот е составен од доктор специјалист–педијатар, медицинска сестра и лаборант вработени во нашата институција. Во моментот оваа институција располага со 11 доктори специјалисти педијатри, кои ќе бидат ангажирани во педијатрискиот пункт.

Во него работат педијатрите-концесионери по нивен распоред за дежурства. Прегледот опфаќа општ педијатриски преглед, тераписки пристап (симптоматска, инхалациска и и.м. терапија), лабораториски анализи (крвна слика, ЦРП и урина).

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСобранието ќе расправа по предлог Концепцијата за гимназиско образование, откако ќе биде изготвена преку отпочнатиот инклузивен процес
Следно соопштениеНеспособноста на Мицкоски ја турка земјата во економска криза