Oтворена Меѓународната струмичка ликовна колонија како најстара колонија во континуитет во Македонија – Општина Струмица

127

Во фоајето на Центарот за култура ,,Антон Панов” вечерва беше отворена Меѓународната струмичка ликовна колонија која како најстара колонија во континуитет во Македонија, па и надвор од неа, го прославува своето јубилејно 60-то издание.

Колонијата ја отвори Александар Ненчев, член на Советот на општина Струмица.

-Сакам во оваа прилика, од мое лично име и од името на градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов, да ги поздравам и да им посакам добредојде на дваесеттината учесници на овогодинешната 60-та Меѓународна струмичка ликовна колонија од Украина, Романија, Турција, Србија, Црна Гора, Бугарија и Македонија, посакувајќи им плодни десет денови под жешкото августовско струмичко сонце, но и убаво меѓусебно дружење. Се надевам дека на дело ќе покажат дека уметноста најдобро ги брише границите и јазичните бариери, рече советникот Ненчев.

Во овие шест децении, низ колонијата поминале околу 1.600 ликовни творци од сите светски меридијани, кои оставиле бесценета уметничка оставнина од околу 2800 дела, импозантна бројка која претставува огромно богатство, не само за Струмица, туку и за целата наша татковина, па и за целиот Балкан.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКовачевски консензус требаше да бара лани, кога народот, експертите и ВМРО-ДПМНЕ го предупредуваа
Следно соопштениеСДСМ ја зголеми куповната моќ на граѓаните за 30,2 отсто