ОТВОРЕНИ ДВЕ РЕСУРСНИ ПРОСТОРИИ ВО ОУ „КОЛЕ КАНИНСКИ“ ПО ПОВОД МЕЃУНАРОДНИОТ ДЕН НА ЛИЦАТА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

120

Во основното училиште „Коле Канински“ во Битола, денес, беа отворени две ресурсни простории, со кои се создаваат услови за советувалишна и стимулациона работа на стручниот тим со учениците кои се соочуваат со одредени попречености и атипичен развој. Проектот се реализира, како резултат на соработката на Општина Битола со ЗЕЛС, со поддршка од Германското друштво за меѓународна соработка – ГИЗ, а за значењето на проектот, на денешниот настан, говореше градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски: „Еднаквите можности за сите нас се меѓу носечките принципи, врз кои треба да се темели работењето во секоја институција, особено, онаму каде станува збор за воспитно – образовен процес на деца. Тоа е вистинскиот начин за секој да биде мотивиран, да го даде најдоброто од себе, да придонесе за заедницата, во која независно од своите потешкотии, ќе може успешно да учи и создава. Со Програмата за социјална заштита на Општина Битола, посветуваме посебно внимание на лицата кои се соочуваат со одредена попреченост, со цел, колку што е можно повеќе да им ги подобриме условите за живот и да создадеме средина во која ќе можат да бидат активно вклучени, да учат, создаваат и работат. Во оваа насока, како локална самоуправа, даваме поддршка на повеќе активности, но градиме и партнерства, низ кои побрзо и полесно, ќе успееме во реализацијата на зацртаните цели. Денешниот настан: „Сите зрачиме на различен начин“, кој се организира по повод Меѓународниот ден на лицата со попреченост, покажува дека, само низ континуирана работа можеме да постигнеме успех. Со цел подобрување на способностите, вештините и можностите за […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСо засадените 150 садници започна обновувањето на дрворедите во Струмица – Општина Струмица
Следно соопштениеГраѓаните креираа 4 проектни концепти