ОТВОРЕНО 25 ИЗДАНИЕ НА ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ ФЕСТИВАЛ НА МОНОДРАМА

109

Со спектаклот „Глумците пеат“, во Центарот за култура, синоќа започна 25 издание на Интернационалниот фестивал на монодрама. На отворањето, беа доделени посебни признанија на поддржувачите на фестивалот и претходните директори на Центарот за култура, кои дале значаен придонес во растот и развојот на Интернационалниот фестивал на монодрама. Директорката Маја Андоновска Илијевски, додели посебна благодарница и за долгогодишната соработка и поддршка од Општина Битола. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заблагодарувајќи се за признанието, нагласи дека ова е дополнителен мотив за локалната самоуправа за понатамошна поддршка на културните настани и фестивали: „Почитувана директорка на Центарот за култура и организатор на интернационалниот фестивал за монодрма, г-ѓа Маја Андоновска Илијевски, Почитуван селектор, стручни соработници на фестивалот и членови на жирито Почитувана публико, Секое признание има посебна вредност, затоа што неговото значење секогаш е поврзано со посебна приказна, која одбележува едно дело, настан или придонес кон создавање нешто ново или општествено добро. Сепак, вечерашната плакета, за мене има посебна вредност, затоа што долгогодишната соработка и поддршка од Општина Битола, за Фестивалот на монодрама, резултира токму со еден 25 годишен јубилеј, кој во себе ги собрал и успешно ги совладал сите предизвици, не запирајќи ја креативноста и уметничкиот раст, дури и во време на пандемиски, вонредни состојби. Одбележувањето на четврт век од еден ваков интернационален фестивал и континуираната соработка со општината е голем доказ дека уметноста и културата во својот креативен дострел се доволно силни за да докажат дека живеат и растат на пиедесталот на кој се воздигнуваат вредностите. Затоа, искрено сум благодарен за признанието, […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтоилковски: Преговарачкиот процес со коалиционите партнери се базира на принципи и е во напредна фаза
Следно соопштениеНиколоски: Во сообраќајна несреќа при судир на камионите кои носат увозен јаглен на омилената фирма на белорускиот конзул загина човек – власта во заминување врши масовен грабеж на ЕЛЕМ и РЕК Битола