ПАНЕЛ ДИСКУСИЈА НА ТЕМА: „УСПЕХОТ НЕ Е СЛУЧАЈНОСТ. ЖЕНИТЕ ИНСПИРИРААТ И СОЗДАВААТ!“

103

Во организација на Советот за женско претприемништво на општина Битола, денес се одржа панел дискусија на тема: „Успехот не е случајност. Жените инспирираат и создаваат!“ Настанот беше организиран по повод интернационалниот ден на жената 8-ми март, во насока на создавање свет каде што постои еднаквост меѓу половите, без пристрасност, стереотипи и дискриминација, разновиден, правичен и инклузивен. Целта на настанот беше да се прослават жените во бизнисот, достигнувањата на жените, а со тоа да се подигне свеста против дискриминацијата и да се преземаат акции за поттикнување на родовата еднаквост. Присутните на настанот ги поздрави градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, кој нагласи дека овој настан е потврда на досегашните активности, но истовремено и репрезент на постојаниот напредок во полето на родовата еднаквост, на што општината посветено работи. „Неколку години наназад Битола, како општина го има лидерското место во државата во поглед на заложбите за создавање еднакви можности, но во последните две години, она на што ставаме посебен акцент е видливата соработка со женските организации, заштитата во поглед на родово базираното и семејно насилство и посебно, економското јакнење на жената. Со формирањето на Советот за женско претприемништво, ценам дека, веќе се искачуваме многу нивоа погоре не само во разбивањето на стереотипите, туку и во презентирањето на женската интелектуална сила, нејзината инвентивност и способност да создава, а со тоа да инспирира кон создавање на нови успшни приказни. Никогаш не ќе успеевме да направиме и најмал чекор напред, без Вашaта вклученост, женската ангажираност и желба за работа. Успехот на сите Вас кои сте дел […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДВОДНЕВНА ПРОЦЕНКА НА ОРГАНИЗАЦИСКИ КАПАЦИТЕТИ ВО ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА ГОСТИВАР
Следно соопштениеСВИКАНА ТРИЕСЕТ И ДЕВЕТТАТА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД