Започнаа работните активности за партерно уредување околу Офицерскиот дом. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, заедно со стручните екипи од општинската администрација, извршија увид на активностите со кои треба да биде комплетирана првата фаза од партерното уредување на површина од 2100 метри квадратни. Вкупната вредност на оваа фаза од проектот за партерно уредување на Офицерскиот дом изнесува 23.002.486 денари.
The post ПАРТЕРНО СЕ УРЕДУВА ПРОСТОРОТ КАЈ ОФИЦЕРСКИОТ ДОМ appeared first on Општина Битола.