Пендаровски не можеше да го тргнеш од екраните, сега откако пукна скандалот за соработката со мешетарот Еисин го снема и се крие

91
Пендаровски не можеше да го тргнеш од екраните, сега откако пукна скандалот за соработката со мешетарот Еисин го снема и се крие

Пендаровски се крие со денови од медиумите и јавноста. Како да испари, а само до пред еден месец човек не можеше да го тргне од екрани и интервјуа. Мисли дека ако бега од одговорите ќе се спаси од скандалот за соработката со мешетарот Асаф Еисин , кој само пред неколку дена самиот го призна.
Имено Пендаровски прво негираше, ама после кажа дека остварувал контакти со израелскиот консултант кој првенствено е задолжен за негативна кампања. Пендаровски после тоа невешто сакаше да прикаже дека овој консултант е ангажиран од СДС, но со тоа уште повеќе го зголеми скандалот.
Ангажманот на овој матен, но скап лик, не фигурира никаде, односно не го пријавил ни Пендаровски, ни СДС. А дека соработуваат со него може да се претпостави по негативната кампања на која ја базираат својата реторика, затоа што и друго немаат што да кажат. Е сега, ако не го пријавуваат неговото работење, тогаш тоа значи дека го плаќаат скапо со црни пари. Постојат индиции дека овие црни пари се всушност парите испумпани од криминални тендери во РЕК Битола?
Сето ова Пендаровски, Ковачевски и СДС не го демантираат, што значи дека сето ова е точно. Да го потсетиме Пендаровски, но и Ковачевски и СДС дека ваков противзаконски ангажман во кампања ќе биде испитан и санкциониран.
Дојдено е времето на одговорност. Заедничката борба е Македонија да биде повторно твоја. Промените се во твои раце.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеМитрески: Во новиот мандат реформите продолжуваат, имаме визија, имаме План и знаеме како!
Следно соопштениеФилипче и Заев 7 години ги лажеа и манипулираа граѓаните со истите ветувања што  ги нарекуваат програма – уште нема бесплатно болничко лекување,  100 000 денари плата за специјалисти и нема нов Клинички центар