Пендаровски потврди дека ДПМНЕ гарантирало кворум за спорните измени на Кривичниот законик

6
Пендаровски потврди дека ДПМНЕ гарантирало кворум за спорните измени на Кривичниот законик

Во последното интервју за ,,360 степени”, поранешниот претседател Стево Пендаровски потврди дека ВМРО-ДПМНЕ активно учествувало во носењето на скандалозните измени на Кривичниот законик, со кои беа амнестирани сериозни криминали на поранешни функционери.

Пендаровски во интервјуто откри дека тогашниот премиер Зоран Заев му соопштил дека е обезбеден кворум за измените на членот 353 од Кривичниот законик и дека, дури и доколку претседателот стави вето, ВМРО-ДПМНЕ гарантирало дека повторно ќе обезбеди кворум за измените да бидат изгласани. Ова признание доаѓа како директна потврда на она што Левица го говореше уште во моментот на носењето на измените – дека СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не се политички противници кога станува збор за заштита на криминалот, туку претставуваат широка бизнис коалиција која беспрекорно функционира.

Со овие скандалозни измени беа спасени од кривичен прогон над 80 функционери на ВМРО-ДПМНЕ. Меѓу нив се и високи партиски кадри кои денес повторно извршуваат значајни државни функции, како Игор Јанушев и Антонио Милошоски. Наместо да одговараат пред правосудните органи, тие добија законска заштита благодарение на договорот меѓу двете криминогени партии.

Пендаровски сега јавно признава дека ВМРО-ДПМНЕ не само што не се спротивставило на овие измени, туку активно гарантирало нивно изгласување. Потсетуваме дека власта на Мицкоски наместо да ја заостри казнената политика за злоупотреба на службената положба – со новите измени на членот 353 од Кривичниот закон, ДПМНЕ ги намали казните и декриминализира голем дел од корупцијата при јавни набавки.

Затоа и после две години од новата Влада на Мицкоски нема никаква одговорност, ниту правосилна пресуда, ниту конфискација за криминалите на претходната власт – затоа што ДПМНЕ и СДСМ се во взаемни должнички односи кога треба да се спасуваат нивните криминални функционери.

The post Пендаровски потврди дека ДПМНЕ гарантирало кворум за спорните измени на Кривичниот законик first appeared on Левица.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеЗа СДС единствена политичка агенда се уставните измени, а Филипче е фиксиран само на внесување на Бугарите во Устав
Следно соопштениеИзвештајот на Вајц: Реформи нема, а јазикот, културата и идентитетот не смеат да бидат доведувани во прашање