ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ ИГРИ ПО 13-ТИ ПАТ

94
ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ ИГРИ ПО 13-ТИ ПАТ

На спортското игралиште ,,Алумина”, денеска, по тринаесетти пат се одржаа пензионерските спортски игри во Карпош. На оваа традиционална манифестација, која е во организација на Одделението за спорт и култура при Општината, се дружеа членовите од  двете карпошови пензионерски здруженија, ,,Карпош” и ,,Тафталиџе’’ и си ги одмерија силите во неколку спортски активности.

                    Лицата од третото доба, се натпреваруваа во дисциплините шут на гол мажи и жени, а ги одмерија своите сили и во пикадо, фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри мажи и жени, додека пак мажите се натпреваруваа во дисциплината скок од место, како и влечење јаже.

       Во рамки на овој спортско-рекреативен настан, беа доделени дипломи и пехари за најдобрите  натпреварувачи, а останатиот дел од денот беше резервиран за дружба и добро поминато време.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче: Можев да работам секаде по светот, решив да останам дома
Следно соопштениеЛукаревска: Од целосно заборавени, домашните претпријатија ги поддржавме со 100 милиони евра, ќе ја дуплираме поддршката