ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ ИГРИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА КАРПОШ

123
ПЕНЗИОНЕРСКИ СПОРТСКИ ИГРИ ЗА РОДЕНДЕНОТ НА КАРПОШ

По повод, Денот на Општина Карпош, 3 ноември, по дванаесетти пат се одржаа пензионерските спортски игри, на спортското игралиште ,,Алумина”. На оваа традиционална манифестација, која е во организација на Одделението за спорт и култура при Општината, се дружеа двете карпошови пензионерски здружение, ,,Карпош” и ,,Тафталиџе’’ и си ги одмерија силите во неколку спортски активности.

                    Лицата од третото доба, во смеа и игра се натпреваруваа во изведување на пенали, а ги одмерија своите сили и во пикадо, фрлање ѓуле, трчање на 60 и 80 метри, додека пак мажите се натпреваруваа во дисциплината скок во далечина.

                Во рамки на овој спортско-рекреативен настан, присуствуваше и градоначалникот Стевчо Јакимовски, кој ги поздрави присутните и им посака пријатна дружба, притоа напоменувајќи дека локалната самоуправа и понатаму ќе се грижи за својата повозрасна категорија на граѓани. Многу се радувам што ве има во волкав број, здружениата се дури и освежени, со нови членови, што покажува дека пензионерите во Карпош знаат да се дружат и да споделуваат искуства од секојдневниот живот. Јас ќе ви се придружам за околу две години, а дотогаш ќе придонесувам за доброто на граѓаните од третото доба. Ме радува што гледам натпреварувачки и спортски дух, и се надевам уште долго така ќе остане. Уживајте во овој есенски сончев ден и имајте пред се добра дружба, и пријателско натпреварување.-истакна Јакимовски.

Со стартот на овогодинешните пензионерски игри, Општина Карпош официјално ги започна празничните роденденски денови кои ќе бидат исполнети со голем број активности. 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеУспешни економски политики, инфлацијата се намалува, ММФ прогнозира поголем раст
Следно соопштениеКовачевски од народниот собир во Селце: Антиевропската агенда е антимакедонска