Петрушевски: Левица одработи за власта во случајот онкологија, откако во јавноста се насобра гнев, го киднапираа протестот, а во меѓувреме ја напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ за да се отргне вниманието за одговорност

138
Петрушевски: Левица одработи за власта во случајот онкологија, откако во јавноста се насобра гнев, го киднапираа протестот, а во меѓувреме ја напаѓаат ВМРО-ДПМНЕ за да се отргне вниманието за одговорност

Како Левица си одработува за ДУИ и СДС?

Откако во јавноста се насобра огромен гнев по монструозниот скандал на Онкологија, Левица буквално го киднапираше протестот, со што ги одврати неисполитизираните граѓани од изразување на незадоволство и го задуши револтот. За чија корист – па на ДУИ и СДС.

Во следната фаза за спас на ДУИ и СДС, Левица прави дефокус на јавноста. Наместо да се врши притисок за расчистување и одговорност за овој грозоморен скандал, Левица со невистини и лаги го напаѓа ВМРО-ДПМНЕ за правење непостоечки кворум. За чиј интерес, па нормално за ДУИ и СДС, се разбира…

Власта си добива мир и фокус на јавноста кон опозицијата, намалени казни за криминалите и “спуштена топка” за скандалот со Онкологија…

А Левица најверојатно добива од тие валкани пари на власта и се надева на некој глас повеќе од некој изманипулиран граѓанин, одработувајќи за цепкање на опозициските гласови во корист на ДУИ и СДС.

Фактите се тие, но што друго да се очекува од Левица, која го поддржуваше и го донесе на власт Зоран Заев и која веруваше дека Катица Јанева ќе донесе правда во Македонија!

Линк од ФБ објава на Бране Петрушевски, пратеник:

  • https://www.facebook.com/story.php?story_fbid=pfbid02qVV3yiYWN6JyuegshypZobxHhBF8957hcjafUapP5RAMU6oB4P5XosSf7PWVsddnl&id=100063463489616&mibextid=Nif5oz

Извор на соопштението

Претходно соопштениеДПМНЕ направи кворум за амнестија на криминалот, заедно со СДС и ДУИ
Следно соопштениеИнформација за извлекување на натпреварувачки броеви за Супер Женска Лига – Ракометна Федерација на Македонија