„Денеска активно и во недела во Старо Нагоричане ги посетивме населените места Пелинце и Челопек. Она што е жално и секојдневие на целиот овој крај во Старо Нагоричане е дека народот живее лошо и се соочува со секојдневни проблеми од бирократски карактер, со проблеми поврзани со владеењето на локалната и централната власт“, изјави пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ Бране Петрушевски при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ насловена „Ова е Македонија за сите“.
Тој истакна дека жално е што народот се иселува и Македонија ја има сѐ помалку од ден на ден. Тоа е затоа што Владата се занимава со криминал и корупција.
„Сведоци сме дека на незапочнати проекти се исплаќаат милионски цифри додека населените места во Старо Нагоричане конкретно во Пелинце и Челопек ги немаат основните услови за живот и мораме заеднички со народот да се обединиме и направиме коалиција за да ја поразиме оваа однародена власт“, кажа Петрушевски.
![Петрушевски: Жителите на С. Нагоричане се иселуваат, Македонија ја има сѐ помалку Петрушевски: Жителите на С. Нагоричане се иселуваат, Македонија ја има сѐ помалку](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/05/Бране-Петрушевски-2-1024x576.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/05/слика-34-1024x462.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/05/слика-3-18-1024x462.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/05/слика-1-21-1024x462.jpg)
![](https://vmro-dpmne.org.mk/wp-content/uploads/2023/05/слика-2-19-1024x461.jpg)