Ракометот како најголем обединувачки фактор на сите битолчани, политичари и спортски фанови, продолжува да ги развива зацртаните планови за нови големи успеси, со континуирана соработка и зголемена финансиска поддршка од Општина Битола за РК ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР, кој после 18 години и ја врати шампионската титула на Битола и градот го направи домаќин на натпревари од Лигата на шампионите. На последната седница, Советот на општина Битола ја усвои предлог одлуката за давање согласност на Барањето за продолжување на периодот на времетраење на Договорот за уредување на капиталната и управувачка структура на РК Еурофарм Работник АД Битола и РК Пелистер АД Битола, со што градоначалникот Тони Коњановски доби согласност за потпишување на договорот за продолжување на периодот на времетраење за временски период од 2 години како и зголемување на финансиската поддршка од општината. Со новиот анекс договор, помеѓу Општина Битола, Друштво за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР АД Битола и Друштво за спортски дејности РАКОМЕТЕН КЛУБ ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР 2 АД Битола, Општина Битола почнувајќи од натпреварувачката сезона 2024/2025, во наредните 2 (две) натпреварувачки сезони ќе обезбедува по 18.000.000,00 денари по натпреварувачка сезона, наместо 15.000.000,00 денари по натпреварувачка сезона, како што стоеше во основниот договор. Првиот човек на РК Еурофарм Пелистер, Зоран Стерјев, на средбата со градоначалникот Тони Коњановски, се заблагодари за досегашната поддршка од градоначалникот, советниците и спонзорите и ги најави подготовките за новите ракометни успеси кои ќе бидат гордост на Битола. „После 18 години титулата повторно се врати во најракометниот град во нашата држава. Втората година после освојувањето на титулата […]
Извор на соопштението