По иницијатива на Левица – македонските бранители ќе добијат ослободување од обврските кон матичната општина

144
По иницијатива на Левица – македонските бранители ќе добијат ослободување од обврските кон матичната општина

Советничката група на Левица при Советот на Општина Ѓорче Петров пред повеќе од 1 месец поднесе иницијатива со која се опфатени семејствата на македонските бранители кои учествуваа во воениот конфликт од 2001 година.

Со усвојување на овој предлог, македонските бранители и нивните потесни семејства ќе бидат ослободени од давачки спрема основните училишта и градинките на територија на Општина Ѓорче Петров.

Семејните трауми и заслугите на нашите бранители се преголеми за да се манипулира со нивните заслужени права за кои чекаа повеќе од 20 години.

Очекуваме основните училиште и градинките веднаш да постапат по ваквиот предлог на Левица, усвоен од Советот на Општина Ѓорче Петров.

ПОЛИТИЧКА ПАРТИЈА ЛЕВИЦА – ЃОРЧЕ ПЕТРОВ

31.05.2023



Извор на соопштението

Претходно соопштениеСилна поддршка од ЕУ и САД за продолжување на европскиот пат, време е за глас за Европа
Следно соопштениеЈавен повик за пријавување учество во процесот на ко-креирање на Акциски план за Партнерство за отворена власт 2024-2026 година