Здружението „Хепар центар“ и Здружението на граѓани за ретки болести „Живот со предизвици, во пресрет на 28 февруари, Денот на ретки болести, доделија благодарници за поддршката обезбедена од Општина Битола и останатите институции, за овие лица. На иницијатива на градоначалникот на Општина Битола, Тони Коњановски, со ребаланс на буџетот беа обезбедени 1.000.000 денари за лицата со ретки болести, а оваа година таа поддршка веќе стана дел од Програмата за социјална заштита на Општина Битола. Иницијативата на градоначалникот Коњановски, произлезе после одржаниот состанок со здруженијата во мај 2023 година, со цел согледување на нивните потреби и проблемите со кои се соочуваат, како и овозможување на локална поддршка, додека се чека спроведување на повеќе решенија на национално ниво. Обезбедените 1.000.000,00 денари за лицата со ретки болести се доделуваат преку јавен повик за покривање на дел од патните трошоци со кои тие се соочуваат при нивните чести посети до клиниките надвор од Битола. „Ни претставува огромна чест да се заблагодариме на посветеноста на Општинa Битола, на градоначалникот Тони Коњановски, секретарот Борче Димитровски, Советот на општина Битола и Гимназијата Јосип Броз Тито за неверојатната соработка. Ова е пример како на локално ниво може да се поддржи подобар живот за семејства со ретки болести. Секој чекор е важен и заедно можеме да постигнеме позитивни промени. Планираме наредни активности за подобрување на квалитетот на живот на семејствата со ретки болести“, истакнаа Весна Алексовска од „ Живот со предизвици“ и Милан Мишковиќ од „Хепар Центар“ Битола. Во општина Битола, регистрирани се околу 30 лица со ретки болести. […]
Извор на соопштението