ПО ПОВОД ДЕНОТ НА ЗАШТИТНИКОТ НА ГРАДОТ „СВЕТИ НЕКТАРИЈ БИТОЛСКИ“ ДОДЕЛЕНИ НАГРАДИ НА 35 ТАЛЕНТИРАНИ УЧЕНИЦИ

2

По повод Денот на заштитникот на Битола, „Свети Нектариј Битолски“, градоначалникот Тони Коњановски, денес ги додели наградите на учениците кои аплицираа на јавниот повик на општината за наградување на талентирани и наградени ученици. Критериумите во Јавниот повик, беа дефинирани од страна на просветни работници, претставници на училиштата, во соработка со претставници од општинската администрација и јасно ги дефинираа условите кои треба да ги исполнуваат учениците за да бидат наградени од општината. Градоначалникот Коњановски на денешниот настан, најави проширување на повикот и негово специфицирање по области, согласно искуството во изминатите 3 години. „Ми претставува посебна радост, што на овој ден, имам чест да ги наградам најдобрите од најдобрите ученици, млади луѓе кои се иднината на нашата општина и нашата држава. Пред 3 години, кога дадов предлог одбележувањето на овој ден да биде посветено на мотивација на најмладите, точно мојата визија беше насочена кон спроведување мерки кои ќе ги поттикнат учениците да учат, да се надградуваат, да се натпреваруваат, затоа што Битола е град од кој потекнуваат многу квалитетни музичари, спортисти, лекари, инжинери, архитекти… Досега спроведивме три јавни повици, на кои добивме навистина квалитетни апликации од кои без исклучок, сите го потврдуваат квалитетот и потенцијалот на нашите најмлади сограѓани. И секако, задолжената комисија за проверка на документите, секогаш ја има најтешката задача: да ги избере најдобрите од најдобрите, имајќи ги предвид критериумите зададени при изработка на јавниот повик од страна на општината во соработка со просветните работници, кои оваа година беа активно вклучени во цел процес. Критериуимите дефинирани во јавниот повик, беа […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеБочварски: ВМРО-ДПМНЕ потфрли, реализирани само 60% капитални инвестиции
Следно соопштениеЈАКИМОВСКИ ДОБИ ПЛАКЕТА ОД ВЕТЕРАНИТЕ НА ВК ВАРДАР