По сериозните укори и реакции кои ги добиле Маричиќ и Османи од страна на Бугарија, Декларацијата за Илинден мистериозно исчезна

124
По сериозните укори и реакции кои ги добиле Маричиќ и Османи од страна на Бугарија, Декларацијата за Илинден мистериозно исчезна

Исплашени од реакциите и укорите кои ги добија од Бугарија, СДС остана нема и целосно заборави на Декларацијата за Илинденското востание која помпезно ја најавуваше.

Оваа Деклерација веќе 20-тина дека откако ја најавија никој ниту ја има видено, прочитано, ниту пак е ставена на некоја седница во Собранието.

Иако бараа поддршка од сите политички чинители, Ковачевски и СДС откако добија укор од страна на Бугарија, а тоа најдобро го почувстувале Бојан Маричиќ и Бујар Османи бидејќи жестоки биле реакциите од страна на бугарските власти, декларацијата исчезна.

За да граѓаните заборават на оваа Деклерација, поврзана со Илинден и Илинденското востание, решија да напишат нов документ, овој пат наречен Манифест, каде што бараат консензус.

Иако исто како и за Декларацијата за Илинден, никој го нема видено овој Манифест, ниту пак од ДУИ и СДС се консултирале со некој, туку седнале во штабот на ДУИ во Мала Речица, го напишале и бараат консензус.

Наместо да се борат и да ги заштитата за македонските интереси и заштитување на индетитетот и историја, СДС се обидува со Манифести и Деклерации да си купи време за одржување на владата со ДУИ.

Ниту Декларации, ниту Манифести нема да ги покријат националните порази кои ги донесе оваа власт на СДС и ДУИ.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтоилковски: Кој вршел притисоци кај СДС за ја да снема Декларацијата за Илинден од собраниските документи, дали се на истиот став кога одбија декларација за Гоце Делчев?
Следно соопштениеДоколку СДС не знаеле за посетата на Курти и таа била приватна, тогаш кој му дозволи полициско обезбедување за неговата посета