Во Салата на Советот на Општина Битола, денес се одржа почетна работилница за презентација на целите и планираните активности во рамките на Проектот на ФАО и МЗШВ, насловен: „Поддршка за решавање на приватно – јавната сосопственост со цел подобрување на управувањето и владеењето со земјоделското земјиште во Пелагонискиот регион“. На настанот свои обраќања имаа: министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Цветан Трипуновски, градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски и Мортен Хартвигсен, претставник од Регионалната канцеларија на ФАО за Европа и Централна Азија. Во својот говор, градоначалникот Коњановски, посочи дека Пелагонија, навистина има голем земјоделски потенцијал, но и многу предизвици за земјоделците: „Особено ми е драго што ја добиваме оваа поддршка од ФАО и Министерство за земјоделство, за надминување на долгогодишни предизвици во насока на зголемена продуктивност и подобрена земјоделска ефикасност низ нашиот регион. Со решавање на проблемите со сосопственост помеѓу државата и приватните сопственици, ќе можеме да го поттикнеме целосниот потенцијал на нашето земјоделско земјиште. Друга активност која во рамки на оваа соработка покажа резултати е демонстрацијата на социо-економското влијание на првиот целосно завршен проект за консолидаија на земјиште во селото Егри, тука во Пелагонија. Оваа успешна приказна не само што ја подобри целосно земјишната структура и земјоделската инфраструктура во Егри, туку стана пример за успешна консолидација и во нашата држава и во меѓународни рамки. Тоа е уште еден доказ за успехот кој го носи тесната соработка помеѓу сопствениците на земјиште, локалните власти, МЗШВ и меѓународни партнери како ФАО во насока на остварување на заедничка цел. Покрај подобрувањето на управувањето […]
Извор на соопштението