Почит кон делото на претседателот Борис Трајковски, ја водеше државата низ периоди на сериозни искушенија

77
Почит кон делото на претседателот Борис Трајковски, ја водеше државата низ периоди на сериозни искушенија

ВМРО-ДПМНЕ оддава почит на претседателот Борис Трајковски и на членовите на неговиот кабинет и екипажот кои трагично ги загубија животите во авионската несреќа.

Борис Трајковски останува запаметен како претседател во време на тешки државни предизвици, човек кој со смиреност и одговорност ја водеше Македонија низ период на сериозни искушенија. Неговото делување беше насочено кон зачувување на мирот, стабилноста и меѓународниот углед на државата.

Неговата политика на дијалог и единство претставува потсетник дека државничката зрелост, храброста и чувството за одговорност се темел на секоја стабилна и суверена држава.

Денес, повеќе од две децении подоцна, останува обврската да се чува државата, да се гради единство и да се продолжи патот на стабилност и напредок.

Нека е вечен споменот на Борис Трајковски.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСè е договорено, Обвинителството се заплетка со притворот за Груби
Следно соопштение(Фото) СДСМ оддаде почит и положи цвеќе на почивалиштето на претседателот Борис Трајковски