Македонските одбојкарки до 19 години (генерација 2002 и помлади) денеска ќе го почнат настапот на Балканското првенство во Белград. Во салата „Вождовац“ на Бањица покрај нашиот национален состав, ќе учествуваат и домаќинот, Албанија, Црна Гора и Турција. Прв противник денеска ќе ни биде фаворитот Србија, кој на досегашните 18 Балканијади освои 11 златни и 7 сребрени медали.
Од вкупно 25 одбојкарки коишто се најдоа на поширокиот список и беа дел од подготовиките во Скопје, селекторот Јованче Манасков одбра 12 за претстојните натпревари. Во Белград ќе играат Мила Стевановска и Бојана Маројевиќ од Јанта волеј Кисела вода, Мери Бошковска, Ива Стојкоска и Надица Антеска од Јанта волеј Форца, Мила Долдурова и Мила Дикова од Струмица жени, Јана Балов, Марија Василевска и Ана Јаничиќ од Вардар ЕМ, Меланија Каралиоска од Пелистер волеј и Добрина Хаџи Тосева од Наковски волеј.
Балканијата (одбојкарки родени 2002 и помлади)
1.коло, денеска:
16.30 Турција – Албанија
19.00 Србија – МАКЕДОНИЈА
2.коло, среда:
16.30 Турција – МАКЕДОНИЈА
19.00 Србија – Црна Гора
3.коло, четврток:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Албанија
19.00 Турција – Црна Гора
4.коло, петок:
16.30 МАКЕДОНИЈА – Црна Гора
19.00 Србија – Албанија
5.коло, сабота:
16.00 Црна Гора – Албанија
19.00 Србија – Турција