ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ ЗА МЕЧЕВИТЕ НА РК ВАРДАР

15
ПОЧНУВА ПРОДАЖБАТА НА СЕЗОНСКИ БИЛЕТИ ЗА МЕЧЕВИТЕ НА РК ВАРДАР

Од денеска почнува регуларната продажба на сезонските билети за новата натпреварувачка сезона на мечевите на РК Вардар 1961. Самите изберете го местото во салата во СЦ „Јане Сандански“, каде Вардар ќе ги игра сезонава своите натпревари во групната фаза од Лига Европа, Домашното првенство и Куп натпреварите.

Сезонскиот билет ќе важи за:
– сите натпревари од грпната фаза на Лига Европа
– сите натпревари од главна фаза на Лига Европа
– сите натпревари од првенството на Македонија
– сите натпревари од Куп на Македонија (каде домаќин е Вардар)

Цената на сезонскиот билет е 3.600 денари
Сектор: А2, А3, А5 и А6 – 4.200 денари

Продажбата на сезонските билети ќе се врши онлајан преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС
https://mktickets.mk/event/sezonski-bilet-rk-vardar/

И преку нивната продажна мрежа низ Македонија – https://mktickets.mk/prodazna-mreza/

Регуларната продажба на сезонските билети ќе трае до 20 септември.

Сите кои веќе ги имаат резервирано сезонски билет со местата кои лани ги имале треба да се јават во канцеларијата на клубот за подигање на истите. За сите дополнителни информации можете да не контактирате на следниот телефонски број 070 936 601 или на [email protected].

Пред секој натпревар ќе се продаваат поединечни билети за настапите во Лига Европа, и во домашното првенство, а за цените дополнително ќе има известување.

 

Извор на соопштението

Претходно соопштениеФилипче се однесува како да е штотуку дојден после 40 години во земјава како мал заминал во Јапонија и сега се вратил и се однесува како јапонски турист
Следно соопштениеДПМНЕ, ЗНАМ и СДС да се вразумат и да ја поддржат интерпелацијата на Левица за Гаши Левица