Почувствуван земјотрес во Дебар

118
Почувствуван земјотрес во Дебар

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, на 27.02.2024 година во 23 часот и 37 минути регистрираше земјотрес чиј епицентар се наоѓа 127 km југозападно од Скопје, во соседна Република Албанија, со Рихтерова локална магнитуда ML3.2.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван во југозападниот дел од Републиката, во Дебар и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

The post Почувствуван земјотрес во Дебар appeared first on Центар за управување со кризи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеСтојаноски до Бојмацалиев: Дали со законот за откуп на станови кој го предлагате и вие ќе се стекнете со такво право и уште само 30тина лица?Дополнително колку од нив биле на функции назначени од Спасовски?
Следно соопштениеСО СОВРЕМЕНИОТ ЛАПАРОСКОП ЌЕ СЕ ВРШАТ 800 ИНТЕРВЕНЦИИ ГОДИШНО НА ДЕТСКА ХИРУРГИЈА – Министерство за Здравство