Почувствуван земјотрес во епицентрално подрачје Делчево – Берово

21
Почувствуван земјотрес во епицентрално подрачје Делчево – Берово

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово, 26.07.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 123 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 08 часот и 46 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.1.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите на градовите Пехчево, Берово и околината, со интензитет од III-IV степени според Европската макросеизмичка скала.

The post Почувствуван земјотрес во епицентрално подрачје Делчево – Берово appeared first on Центар за управување со кризи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеРК Еурофарм Пелистер – Ангеловски: Целите се највисоки, доведовме подобри играчи од минатата сезона
Следно соопштениеТежок криминал во „Кромберг и Шуберт“ врз грбот на работниците Левица