Почувствуван земјотрес во Пехчево

76
Почувствуван земјотрес во Пехчево

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, рано утрово, 12.08.2024 година, регистрираше земјотрес чиј епицентар припаѓа на епицентрално подрачје Делчево – Берово, 124 km југоисточно од Скопје. Земјотресот се случи во 04 часот и 48 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.4.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од жителите во градот Пехчево и околината, со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

The post Почувствуван земјотрес во Пехчево appeared first on Центар за управување со кризи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеИмплементација на партнерски проект: Унапредени здравствени права на девојките, жените и ранливите групи
Следно соопштениеВо Струмица започна да се гради најголемиот градски пазар во државата