Почувствуван земјотрес во Штип

138
Почувствуван земјотрес во Штип

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, денес 29.03.2023 година регистрираше земјотрес 72 km источно од Скопје кој потекнува од епицентралното подрачје Св. Николе – Штип.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи утринава во 2 часот и 41 минути со Рихтерова локална магнитуда ML3.0 и интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, а беше почувствуван од населението во Штип и околината.

The post Почувствуван земјотрес во Штип appeared first on Центар за управување со кризи.

Извор на соопштението

Претходно соопштениеОПШТИНА БИТОЛА ОБЈАВИ ОГЛАС ЗА СУБВЕНЦИОНИРАЊЕ НА ИНВЕРТЕР КЛИМА УРЕДИ
Следно соопштениеПролетна акција за косење на тревните површини низ цела Кисела Вода