ПОД МОТОТО „СИТЕ БОИ НА МЛАДОСТА“, ГИМНАЗИЈАТА „ЈОСИП БРОЗ ТИТО“ ГО ОДБЕЛЕЖА СВОЈОТ ПАТРОН ПРАЗНИК

118

Под мотото „Сите бои на младоста“, на Платото пред Офицерскиот дом, Гимназијата „Јосип Броз Тито“, го одбележа својот патрон празник. Во своето обраќање пред публиката, директорката Лидија Споа, нагласи дека претставува вистински предизвик и привилегија да се раководи со ваква институција: „Реализирањето на образовните активности е комплексен процес, но благодарение на взаемната поддршка на учениците и професорите покрај предвидените цели во наставата, тие се постојано активни и во воннаставните активности, редовни учесници и носители се на првите места на регионалните, државните натпревари по повеќето наставни предмети. Овие млади луѓе, сите се посебни на свој начин, оттука произлегува и мотото – Сите бои на младоста. Нивната автентичнот и оригинална мисла, секојдневно ни е инспирација и нам, на професорите да прибегнеме од светот на возрасните, за да можеме со нивни очи да го погледнеме светот, за да ги разбереме. На крајот на краиштата – секој учител бил нечиј ученик“, рече Лидија Споа, директорка на Гимназијата „Јосип Броз Тито“. Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, честитајќи го патрониот празник, се потсети на своите средношколски денови поминати во ова училиште: „Секое училиште во нашиот град, има сочувано посебна историја, значајни мигови на многу генерации ученици за чии успеси се слушало и се слуша надалеку. Но, кога станува збор за Гимназијата „Јосип Броз Тито“, не можам, а да не споменам дека ова училиште има посебна важност за нашата држава, за нашиот град, но и лично за мене. Како некогашен ученик во Гимназијата во моето сеќавање засекогаш ќе останат сочувани спомените на средношколските денови, кои се […]

Извор на соопштението

Претходно соопштениеКрводарителни акции
Следно соопштениеМашката сениорска репрезентација е дел од третиот шешир за претстојното извлекување на групите за 2025 IHF Men’s World Championship – Ракометна Федерација на Македонија